Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели: Среќен сум што постигнав гол за Вардар во ЛШ, сакам да дадам гол и во Данска
Балотели: Среќен сум што постигнав гол за Вардар во ЛШ, сакам да дадам гол и во Данска

Балотели: Среќен сум што постигнав гол за Вардар во ЛШ, сакам да дадам гол и во Данска

Нашиот фудбалски шампион стигна до уште една важна победа, со која се чекор поблиску до историски успех. Избраниците на Гоце Седлоски успеаа да триумфираат на првиот натпревар, против тимот на Копенхаген, минимално со резултат од 1:0. Човекот на одлука, беше Џонатан Балотели кој беше стрелец на единствениот гол за Вардар. Интернационалецот од Бразил беше еден од најдобрите поединци на теренот, кој доста истрча, создавајќи им проблеми на противничката одбрана.

-Многу сум среќен што постигнав гол за Вардар во Лигата на шампионите. Наша цел е да се пласираме што подалеку во европските натпреварувања. Ќе се подготвиме добро за реванш натпреварот во Данска и ќе направиме сè за да поминеме понатаму. Секако уште ништо не е готово, мора да бидеме добри и на реваншот. Сакам да дадам гол за Вардар и во Данска и со тоа да и помогнам на целата екипа.