Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан водечки стрелец во тимот на Вардар

Барсегјан водечки стрелец во тимот на Вардар

ФК Вардар во овој момент се наоѓа на втората позиција на првенствената табела со девет бодови заостанување зад Шкендија, но и два натпревари помалку. Вардарци поради настапот во Лигата на Европа, ги одложија дуелите со Работнички и Академија Пандев.

Досега, по седум одиграни натпревари, Вардар има постигнато вкупно 12 голови. Од овие 12 голови, седум се дело на двајца играчи кои и ја предводат листата на најуспешни стрелци. Во овој момент Барсегјан има постигнато четири погодоци, а Фелипе три.