Денес со почеток од 13:00 часот на Градскиот стадион ќе се одигра дербито меѓу екипите на Вардар и Работнички. Црвено-црните се наоѓаат во зоната на испаѓање, па денешниот дуел е од голема важност за избраниците на Илиевски-Џиџи.
ФФМ ги делегираше судиите за овој натпревар, а главен делител на правдата ќе биде Јосип Бартон од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски (Тетово) и Александар Ѓоргески (Тетово).
Се надеваме на добра игра и победа за Вардар.