За фудбалскиот меч од 10-то коло во ПМФЛ помеѓу Слога и нашиот Вардар кој се игра во недела Фудбалската федерација на Македонија го делегираше за главен судија тетовчанецот Јосип Бартон. Куќата на фудбалот исто така овој меч го прогласи за “дуел од висок ризик“.
Помошници на главниот судија Бартон се назначени Ѓорѓијевски Небојша од Брвеница и Јовчевски Дарко од Тетово. Делегат на дуелот е Пилешков Јованчо од град Штип. Дуелот се игра на стадионот “Чаир“ во недела 18 октомври со почеток во 14 часот и 30 минути. Најверојатно од истиот ќе има видео-стим, но за потврда на ова дополнително ќе ве известиме. Во првиот дуел на Националната Арената Филип втори заврши со резултат 2-2.