Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Јакуп Бериша: Среќен сум што постигнав три гола, но најважно е што екипата победува

Јакуп Бериша: Среќен сум што постигнав три гола, но најважно е што екипата победува

Продолжуваат добрите игри во новата сезона за пионерите на ФК Вардар. Избраниците на Сашо Тодоровски ја забележаа четвртата победа од исто толку одиграни натпревари и со максимални 12 освоени бодови се наоѓаат на првото место на табелата. Противник во ова коло ни беше екипата на Победа од Прилеп, која ја пречекавме на новата академија. Црвено-црните во целост ја оправдаа фаворитската улога, давајќу му до знаење на противникот дека нема што да бара на овој меч. Уште по првото полувреме имавме солидно водство, кое ветуваше дека ќе стигнеме до нови три бода. Јакуп Бериша беше голгетерски расположен постигнувајќи хет-трик на овој натпревар. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од новиот триумф, најавувајќи дека екипата е подготвена да ја одбрани двојната титула.

-Знаевме дека нема да биде лесен натпревар, бидејќи против нас сите го даваат максиумот. Бевме многу подобри од нив во секој поглед на фудбалската игра, покрај постигнатите голови не искористивме уште неколку добри шанси за поубедлив триумф. Среќен суш што постигнав три гола, но  најважно ми е што екипата победува. Припремите ги одработивме успешно, стручниот штаб добро не подготвки на физички и психички план. Затоа имавме и добар старт на сезоната, кој сигурен сум дека ќе продолжи и во наредните мечеви. Ќе дадеме се од себе да ја одбраниме двојната круна, освоена од минатата сезона, изјави Јакуп Бериша за нашиот сајт.

Звонко Ивановски