Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ,,Мешаниот” Вардар одигра без голови на премиерата
,,Мешаниот” Вардар одигра без голови на премиерата

,,Мешаниот” Вардар одигра без голови на премиерата

Фудбалерите на Вардар се враќаат од Дебар со еден бод, (0:0). На ,,премиерата”, иако Вардар играше со претежно млади сили, добро одигра и може само да жали што не ја затресе мрежата на противникот, а имаше неколку добри шанси за тоа.

По првиот дел немаше голови, резултатот беше 0-0, а Вардар може да жали што не постигна барем еден погодок. Фудбалерите на Симов имаа две добри шанси да дојдат до водство и да го променат резултатот, но реализацијата изостана во двата наврати. Во вториот дел и двете екипи имаа свој шанси, а Вардар играше од 55.минута со играч помалку поради црвен картон на Ѓеоргиевски Филип. Во последната минута од регуларните 90 минути, Кораб имал голема шанса за погодок, но во последен момент од гол линијата топката ја отстранил Шабани.

Во следното коло, веќе во недела Вардар одново гостува, овој пат во Кратово кај екипата на Силекс.