Денес преку својот официјален сајт, фудбалскиот клуб Вардар излезе со вест дека двата натпревари од 1/4 на националниот куп со екипата на Шкендија ќе бидат без гостински навивачи. Истиов дуел е прогласен за висок ризик од страна на ФФМ и МВР и нема да биде дозволено присуство на гостинска публика.
Првиот меч ќе се одигра веќе утре на стадионот во Чаир, додека реваншот е закажан за 2-ри декември на арената “Филип втори“.