Откако се донесе одлука сите билети да се продаваат по цена од 300 денари, тие забрзано почнаа да се трошат со несмален интезитет. Според онлајн продажбата на ТикетсПлус, на ден до почетокот на мечот остануваат уште околу 8.000 билети за продажба.
Веќе се гледа дека натпреварот ќе има голема посетеност, а реални се шансите утре, четврток натпреварот да биде распродаден во целост , па Вардар и турски Фенербахче да играат пред полн Градски стадион. Нашиот Вардар во натпреварот ќе влезе без тренерот Гоце Седлоски кој си поднесе оставка, во текот на денешниот ден ќе дознаеме кој ќе го води тимот утре.