Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Билетите за неделниот натпревар од денеска во продажба
Билетите за неделниот натпревар од денеска во продажба

Билетите за неделниот натпревар од денеска во продажба

Во недела се игра големото дерби, дербито на двата претенденти за титулата во ПМФЛ. По повод овој натпревар, од ФК Вардар излегоа со соопштение во кое ги информираат сите љубители на Вардар и “црвено – црните” бои како да набават билети за овој натпревар.

Билетарницата на источната трибина на „Филип Втори“ ќе работи од денеска од 12 часот па се до сабота до 17 часот. Во недела билети ќе можат да се набават од 9 до 13:45 часот, односно до 15 минути пред почетокот на натпреварот. При купување на билет ќе мора да биде покажан и документ за лична идентификација.