Денес со почеток од 14:00 часот на арената “Филип Втори, екипите на Вардар и Шкендија ќе го имаат првото соочување, во рамките на 1/4 од националниот куп. Истиве екипи пред една недела играа меѓусебно, во рамките на првото пролетно коло, кога натпреварот во Тетово заврши со нерешен резултат 1:1. Веќе е познат составот на скопските црвено-црни за овој важен дуел, од мечот во Тетово единствено сега стартува Битанг пред Марковиќ кој беше стартер на првенствениот дуел.