Дејан Блажевски ја зеде 10-ката на Аврамовски и во новата сезона ќе ја имаа таа чест но и задача да постигнува голови и да го носи Вардар кон височините на првенствената табела.
А така и започна популарниот Шиле. Откако ја зеде 10-ката, на својот прв натпревар постигна погодок важен три бода и тоа по само четири минути откако влезе на теренот.
Можеби Блажевски во овој момент не е во посакуваната физичка форма, но како одминува времето ќе биде се по добар, па очекуваме супер Дејан Блажевски, каков што го паметиме од оние златни денови на фудбалскиот клуб Вардар.
Вардар во следното коло, в недела, го пречекува тимот на Силекс.