Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > ”Шиле” за Вардар фанс: Вардар треба да ги освои сите три пехара, бидејќи сме најдобар тим во земјава
”Шиле” за Вардар фанс: Вардар треба да ги освои сите три пехара, бидејќи сме најдобар тим во земјава

”Шиле” за Вардар фанс: Вардар треба да ги освои сите три пехара, бидејќи сме најдобар тим во земјава

        По изминатите шест кола во најсилната македонска лига прв стрелец на истата е кој друг ако не фантастичниот ова сезона Дејан Блажевски. Шиле стрелаше 7 пати на 6 меча во првата лига и еднаш во купот кога победивме 0-1 кај ФК Кожуф погодок кој ни донесе пласман во следното 1/8финално коло во кое ќе играме со ФК Пелистер-Битола на 30/09/2015 на домашен терен. Шиле е “прва виолина“ во офанзивата на црвено- црните оваа сезона. На последниот меч со Хоризонт Турново повторно блесок на брзоногиот напаѓач тој погоди два пати во мрежата на гостите. Вардар фанс ви ги носи неговите размислувања за тој меч, следните предизвици во македонскиот фудбал и неговиот од кон титулата најдобар стрелец во Македонија одличје кое веќе еднаш го има зад себе.

ВАРДАР ФАНС: Помина мечот со Хоризонт Турново победивте убедливо, твоја оценка за овој дуел и високата победа во истиот  ?

Мечот со Турново го изигравме на високо ниво влеговме максимално мотивирани не го потценивме противникот и резултатот си дојде на своето место. Одигравме онака како што ни кажа тренерот и ги исполнивме зададените задачи со тоа дојдовме до конечна победа.

ВАРДАР ФАНС: Ви следува навистина згуснат распоред во продолжение, ќе успеете ли да се борите на три фронта и да не израдувате  нас следбениците на Вардар ?

Ни следи една напорна програма во продолжението каде што имаме меч речиси на секој три дена , но сепак имаме фонд на играчи за кои мислам дека кој и да настапи ќе ги исполни зададените задачи од шефот на стручниот штаб, а со тоа ќе немаме проблем да дојдеме до победа. Следен предизвик ни е Ренова на овој дуел како и на секој ќе идеме да ги освоиме 3-те бода.

ВАРДАР ФАНС: Кој се твоите очекувања за супер – купот со Работнички и за борбата во останатите две натпреварувања ПМФЛ и Купот на РМ ?

Следува Суперкупот, тој меч за нас е особено важен бидејќи сакаме, и се надевам ќе го освоиме тој пехар. Според мене Вардар треба да ги освои сите три пехара бидејќи сме најдобар тим во земјава.!

ВАРДАР ФАНС: ”Шиле” влегува во познатата за него гол – форма од почетокот на првенството , ќе биде ли повторно Блажевски “златна копачка“ во македонскиот фудбалски шампионат ?

Да влегов во гол-форма и тоа ме радува,  благодарение на моите колеги од тимот кои имаат најголем придонес за тоа , а за “златната копачка“ ќе покаже времето, дај боже да ја освојам по втор пат. Но сепак нај битно пред се ми е со Вардар да ги освојам сите три титули тоа ми е примарна желба, а титулата за најдобар стрелец ако дојде е во ред сепак е во втор план пред колективните одличија- вели Блажевски во изјавата за нашиот сајт.

Михајло Тушевски