Георги е судијата кој доби доверба за овој натпревар, во делењето на правдата ќе му помагаат сонародниците Мартин Маргаритов и Мартин Венев, а дополнителни судии зад головите се Никола Попов и Станислав Тодоров, додека четврти судија е Георги Тодоров. Оваа година Кабаков судел само два меча во европски квалификации, ТНС-Риека во квалификациите за ЛШ и Евертон – Ружомберок во 3.коло во квалификациите за ЛЕ.