Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Јаневски Чеде нов кормилар на ФК Вардар ?
Јаневски Чеде нов кормилар на ФК Вардар ?

Јаневски Чеде нов кормилар на ФК Вардар ?

Според спортскиот сајт Екипа.мк поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски треба да го преземе кормилото на ФК Вардар, по изненадувачката оставка на Гоце Седлоски од клупата на најтрофејниот македонски клуб која доаѓа во незгоден момент, на само два дена пред плеј-оф квалификацискиот натпревар за Лигата на Европа против Фенербахче.

Они велат дека  веќе е договорена соработка со Јаневски кој се очекува да го преземе кормилото на клубот во новата сезона. Единствено останува неизвесно единствено дали  Александар Васоски да го води тимот на квалификацискиот натпревар во четврток против Фенербахче или можеби Јаневски ќе биде промовиран како нов тренер пред тоа. Во веста се вели дека и договорот е Јаневски официјално да биде промовиран како нов шеф на стручниот штаб по дуелите со Фенербахче.