Четворица играчи од Вардар добија повик за тренинг кампот во Дојран кој ќе го одржи македонската фудбалска репрезентација до 16 години.
Денес нашите млади надежи ќе заминат за Дојран каде ќе останат се до 28. декември. Селекторот на Македонија, Тони Јакимовски повика неколку играчи од Вардар. Се работи за Марко Стојилевски, Симеон Здравковски, Зоран Фидановски и Арбин Курти.
На тренинг кампот, можно е одигрување на некој контролен натпревар.