Македонската фудбалска репрезентација до 17 години, денес и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на БИХ. Двата меча ќе се одиграат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. Селекторот на Македонија, Горан Станиќ за овие пријателски натпревари повика и четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар.
Се работи за голманот Матеј Андов кој е стандарден голман на оваа генерација, а кој настапува за пионерите на Вардар. Тука се уште и неговите соиграчи од Вардар, Александар Ѓурковски кој е капитен на пионерите, како и Џемал Ибиши кој настапува паралелно за пионерите и кадетите на Вардар. Последен во овој список е Божидар Митревски кој зимово дојде од екипата на Работнички и во пролетниот дел најверојатно ќе настапува за кадетите на Вардар.
Македонија се подготвува за за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на ЕП кои ќе одржува во Полска од 19. до 28. март. Противници на Македонија ќе бидат селекциите на Полска, Грузија и Република Ирска.