Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Апостоловски, Здравковски, Фидановски и Курти се враќаат во Вардар
Апостоловски, Здравковски, Фидановски и Курти се враќаат во Вардар

Апостоловски, Здравковски, Фидановски и Курти се враќаат во Вардар

Четворица играчи кои изминативе две години беа дел од Академијата на ФФМ, изразиле желба повторно да се вратат во екипата на Вардар.

Се работи за играчи кои се генерациски родени 2005 година, и кои изминативе две години беа дел од проектот на ФФМ. Тоа се се голманот, Илија Апостоловски, потоа играчите, Зоран Фидановски, Симеон Здравковски и Арбин Курти. 

Во Вардар се чека нов сопственик, кој треба да ги врати работите во нормала, а со тоа да продолжи да функционира и младинската школа на клубот. Моментално сите тренери во Академијата се одјавени, а како ќе изгледа структурата на младинската школа во новата сезона би требало да биде познато до крајот на месец јуни.