Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го загуби првиот контролен натпревар против Австрија, кој се игра на гостински терен.
Домашната репрезентација на Австрија го доби првиот од двата контролни натпревари, минимално со резултат 1:0. Во стартниот состав на селекторот Тони Јакимовски се најдоа нашите вардарци, Никола Величковски, Марко Стојилевски и Ѓорѓи Дошев, додека во игра во вториот дел влезе и Давор Серафимов.
Вториот натпревар на овие две репрезентации на програмата е во петок, со почеток од 11:00 часот.