Голема е веројатноста дека Динамо Загреб ќе настапи со својата главна ѕвезда на дуелот против ФК Вардар. Новиот кормилар на “модрите“ Златко Крањчар потврди дека фудбалерот ќе ги одигра натпреварите против нашиот црвено-црн шампион и дека потоа ќе го напушти “Максимир“. Марко Пјаца особено стана атрактивен по настапот на сеуште актуелното евопско првенство во Франција каде одигра фантастично на мечевите за неговата селекcија на континенаталиот собир. Тренерот на загребчани за останувањето на првата ѕвезда во тимот вели :
.
Кога дојдов на кормилото на Динамо Загреб договорот беше дека Пјаца сигурно ќе остане до крајот на квалификациите. Сепак по Европското првенство се се менува. Само видете како одигра он, сите го сакаат и објективно ќе биде тешко да се задржи. Сметам на него за натпреварите против Вардар, тие ќе ги одигра, а потоа ќе видиме. Свесен сум каква е ситуацијата. Пјаца сега е “барана роба“ и во таква ситуација клубот не може да направи ништо