Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генерација “2003“ го освои турнирот “Караорман куп 2015“
Фк Вардар генерација “2003“ го освои турнирот “Караорман куп 2015“

Фк Вардар генерација “2003“ го освои турнирот “Караорман куп 2015“

Изминативе денови, две Вардарови генерации беа дел од второто издание на традиционалниот турнир “Караорман куп 2015“ кој се играше на градскиот стадион на Фк Караорман, во градот Струга.

Фк Вардар генерација “2003“ го освои турнирот откако во финалето беа подобри од своите врсници од екипата на Еврофудбал(Охрид). Конечниот резултат беше 1:3 за нашите момци. На полувреме се замина со резултат 1:0 за Вардар. Во второто полувреме тимот од Охрид успеа да го израмни резултатот на 1:1. Во продолжение црвено-црните играа се подобро и успеа да постигнат уште два погодоци, за голема радост. Претходно во полуфиналниот натпревар, оваа генерација го победи со 3:0,тимот на Фк Талент(Битола). Стрелци на финалниот натпревар за Вардарци беа: Петар Давидоски кој постигна два гола и Марио Петрушевски. Конечната гол разлика на овој турнир беше 25:3.

vardarfans 2005

Фк Вардар генерација “2005“ иако водеше во најголем дел од мечот, сепак не успеа на крај да го освои првото место. Во финалето беа поразени на пенали од екипата на Фк Ферплеј(Охрид) со резултат 2:3, откако во регуларниот дел заврши 2:2. По првото полувреме имавме предност од 1:0, која беше зголемена во вториот дел. Сепак на крајот дозволивме да примиме два погодоци, од непостоечки прекршоци над противникот. За Вардар погодија Дарко Сековски и Филип Јовановски. Во полуфиналниот дуел, Вардар ја победи екипата на Фк Фламуртари со 4:0.

Нашите млади генеарции прикажаа добри игри и резултати и достојно ги бранеа црвено-црните бои. Преку вакви турнири го стекнуваат потребното искуство за во иднина, кога треба да се развијат во професионалци.