По Барсегјан и Балотели, следен кој доби одмор од тренерот Седлоски е играчот со број 10 во редовите на Вардар, Дамир Којашевиќ. Црногорецот исто така доби заслужен одмор од тренерот, па така и он нема да биде во коомбинација за дуелите со Пелистер утре и на последниот меч сезонава против Силекс.
Којашевиќ веќе е во Црна Гора каде се подготвува за настап за својата селекција. Ова значи дека Вардар утре во Битола ќе настапи драстично ослабен, односно шанса ќе добијат играчите кои послабо играа оваа сезона.