Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Андреј Данстак најдобар голман, генерација “2006“ на ФК Вардар го освои четвртото место на турнирот “Приморско лето“
Андреј Данстак најдобар голман, генерација “2006“ на ФК Вардар го освои четвртото место на турнирот “Приморско лето“

Андреј Данстак најдобар голман, генерација “2006“ на ФК Вардар го освои четвртото место на турнирот “Приморско лето“

Изминативе четири денови, генерацијата на ФК Вардар беше дел од третото издание на силниот меѓународен турнир “Приморско лето“ во Бугарија. На истиот го освоивме четвртото место, откако денес во борба за малото финале бевме поразени од екипата на Аполон од Крагуевац, со резултат од 2:0 и на тој начин завршивме како четвртопласирани.

На целокупниот турнир, Вардар одигра седум натпревари, на кои забележа три победи, два нерешени резултати и два порази. Беа совладани екипите на Левски (1:0), Дит Софија (2:1) и Ропотомо Приморско (3:1), додека ремизиравме на натпреварите со екипите на Аполон во групната фаза (1:1) и Берое од Загора (2:2). Двата порази ги доживеавме во полуфналето, против Черно Море (3:0) и денес за третото место против Аполон (2:0).

53-660x330

Целокупниот впечаток е дека нашите надежи одиграа добри натпревари на овој турнир и дадоа максимум од себе. На крајот имаше и поединечни награди, а признанието за најдобар голман заврши во рацете на Андреј Данстак, од редовите на Вардар.