Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Дарко Димитровски најдобар “чистач“ на интернационалниот турнир
Куглање! Дарко Димитровски најдобар “чистач“ на интернационалниот турнир

Куглање! Дарко Димитровски најдобар “чистач“ на интернационалниот турнир

Изминатиот викенд крајно успешно беше реализиран вардаровиот силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”,  на кој настапија реномирани екипи и еминентни куглари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и од Македонија претставена од кугларите на Вардар.

42

На истиот настапија 40 куглари, односно настапија пет тима со по осум играчи. Нашиот Дарко Димитровски одигра феноменална партија која по с`е потсетуваше на неговиот финален настап во Купот кога го “сруши“ КК Макпетрол. Дарко со 609 “соборени“ дрва беше лидер кај вардарци на овој турнир. Покрај тоа тој заврши како петти, односно беше во топ-5 играчи на турнирот. Во една категорија беше неприкосновен во неделата т.н. “чистење“. Тој имаше скор број еден од сите четириесет учесници. Вардарецот “очисти“ 240 чуња што беше навистина за пофалба. Зад него имаа двајца играчи од КК Белград скорови од 236 и 230 “соборени дрва“.

dare

Тој како што вели тренерот на црвено-црните Димитровски Драги е посебен играч, секогаш блеснува на големи мечеви. Тоа лани го покажа во финалето од Купот, на Светскиот куп и во неколку други прилики.