Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младиот состав на РК Вардар Јуниор денес ја започнува сезоната во супер лигата, со гостување во Охрид
Младиот состав на РК Вардар Јуниор денес ја започнува сезоната во супер лигата, со гостување во Охрид

Младиот состав на РК Вардар Јуниор денес ја започнува сезоната во супер лигата, со гостување во Охрид

Денес стартува новата сезона во најсилната ракометна супер лига. Екипата на РК Вардар Јуниор во првото коло ќе гостува на тимот на Охрид 2013. И оваа сезона предводник на вториот тим на Вардар ќе биде искусниот стратег, Стојан Петрушевски, кој ќе има можност да ја води најмладата екипа во супер лигата, која претрпе многу промени во составот на стартот од новата натпреварувачка сезона. Вардар Јуниор ќе го сочинуваат играчи кои беа дел од младинските екипи на Вардар, најголем дел од Вардар 2, кој се натпреваруваше во првата ракометна лига, каде го освои второто место. Возраста на играчите се движи од 15-21 година, што ќе претставува ново искуство и голем предизвик за нив самите.

Денешниот противник заврши на петтото место во минатата сезона и оваа ќе биде конкурент за највисок пласман. Искуството, возраста и домашниот терен се предност за Охрид, а младоста и желбата за докажување сигурно дека ќе бидат најголем адут за Вардарци, кои ќе сакаат достојно да го претстават Вардар во најсилната македонска лига. Дуелот се игра денес, со почеток од 19:30 часот.

Сите мечеви се играат во текот на денешниот ден, а двојките за првото коло се:

Металург 2 – Прилеп 2010

Еурофарм Работник – Младост 09

Пролет 62 – ГРК Борец

Радовиш – Пелистер

Охрид 2013 – Вардар Јуниор