Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Петар Давидовски: Очекувавме цврст натпревар, триумфот против Шкендија не доближи до освојување на шампионската титула
Петар Давидовски: Очекувавме цврст натпревар, триумфот против Шкендија не доближи до освојување на шампионската титула

Петар Давидовски: Очекувавме цврст натпревар, триумфот против Шкендија не доближи до освојување на шампионската титула

Изминатиов викенд се одигра дербито во регионалната – скопска лига, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија, кај генерацијата родени “2003“ година. Вардарци го добија можеби најважниот натпревар оваа сезона во лигата, откако на домашен терен минимално со резултат 1:0 ја совладаа екипата на Шкендија, која е нивни единствен конкурент за освојување на шампионската титула. Еден гол го реши дербито, на кое немаше фудбалска убавина, што беше и за очекување со оглед на важноста на мечот за двете екипи, кои се борат за трофејот. Александро Прелоговски беше стрелец на единствениот гол вреден три бодови. Капитенот на оваа вардарова генерација, Петар Давидовски повторно беше еден од играчите кој најмногу претрча на теренот и прекина голем број од акциите на противникот. Тој е “моторот“ на тимот, од кој започнува секоја акција на неговиот тим и играч од кој во голем дел зависи играта на Вардар. Давидовски за нашиот сајт ги сподели впечатоците од триумфот против Шкендија, истакнувајќи дека најважно е што освоивме три бодови, со кои се доближивме до освојување на регионалната лига.

-Мечот со Шкендија беше доста цврст и динамичен, со многу дуели и борба за секоја топка. Противникот влезе доста фуриозно со цел да оствари триумф. Од играта на мојот тим сум доста задоволем, бидејќи влеговме многу мотивирано цврсто и со цел да издвоиме триумф, кој би значел блиску до освојување на  шампионската титула. Напорно беше, но нашата игра и борба не донесе до победа. Нормално очекувавме цврст меч бидејќи од истиот зависеше кој ќе го завземе првото место на табелата.Најважно е што на крајот бодовите останаа кај нас, што беше и наша цел пред овој меч.

Вардар го држи првото место на табелата со седум бодови предност пред екипата на Шкендија. Избраниците на “Чунга Лунга“ имаат 14 победи, 1 нерешен резултат против Работнички и само 1 пораз и тоа уште на стартот од сезоната од екипата на Шкендија.

-Сезоната засега тече одлично, иако на почетокот имавме еден нерешен резултат и еден пораз, но сето тоа го надминавме со труд, работа и сплотеност меѓу играчите. Јас како капитен чувствувам поголем мотив за водење на тимот кон победи.  Секако да не го заборавиме и нашиот тренер Горан Петрески кој ни е најголемата поддршка и насока за успехот кој што го имаме постигнато до сега. Иако сега имаме седум бодови предност пред екипата на Шкендија, сметам дека ништо не е готово бидејќи има уште многу за играње до крајот на сезоната. Ние треба да продолжиме со работа и успех понатака.

26

Вардарци имаат голема шанса за одбрана на двојната титула, а тоа се случи тоа треба да го освојат и националниот куп. Последна пречка за нашите надежи кон патот до финалето ќе биде екипата на Академија Пандев, противник кој на црвено-црните им е добро познат, со оглед дека истава екипа ја совладавме минатата сезона во големото финале на националниот куп, кое се одигра на стадионот “Борис Трајковски“.

-Во полуфиналето на купот играме со екипа која ни е позната, бидејќи лани успеавме да ги совладаме во финалето на истово натпреварување. Исто така се работи за цврста екипа која не смееме да ја потцениме. Само со работа и труд и чекор по чекор се ќе си дојде на свое место. Секако наша единствена цел до крајот е освојување, а со тоа и одбрана на двојната круна од минатата сезона.

Звонко Ивановски