Вардар е во тешка битка да обезбеди опстанок во најсилната македонска лига, но затоа на секој натпревар промовира играчи од Академијата на клубот.
Дојде време за деби во сениорскиот тим на Вардар и за Петар Давидоски, кој влезе во игра на официјален натпревар и тоа на дерби дуелот против екипата на Шкендија, кој за жал црвено-црните високо го загубија.
Петар Давидовки е роден 2003 година, воедно и капитен на оваа генерација со која успева во 2019 година да ја освои двојната домашна круна. Ја игра својата седма година во Вардар, додека потекнува од школата на ФК Работнички.
Вреден и посветен играч на теренот, максимално се залага со секоја поминута минута на теренот, а Илиевски-Џиџи бргу го препозна неговиот потенцијал па му даде шанса да заигра во првиот тим. Давидоски исто така има запишано и репрезентативни настапи за младите селекции на Македонија.
ФОТО:Ekipa.mk