Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Илиќ и Јахја со деби настапи во Вардар
Илиќ и Јахја со деби настапи во Вардар

Илиќ и Јахја со деби настапи во Вардар

Покрај веќе промовираните Серафимов и Адем, на ред дојде Бабунски да промовира уште двајца млади играчи. Вчерашниот натпревар и победата против Ак.Пандев ќе ја паметат чуварот на мрежата Филип Илиќ и играчот од нападот Абдулхади Јахја.

crveno-crnite-so-pobeda-se-odjavija-od-domashniot-teren-17622

И двајцата на вчерашниот натпревар го запишаа првиот официјален настап во дресот на Вардар и тоа со победа. Илиќ го одигра целиот меч и иако прими два погодоци, покажа на неколку наврати дека може сериозно да им парира на своите колеги во иднина. Јахја пак, одигра 45. минути во победата.