Македонската фудбалска репрезентација до 14 години се наоѓа во Србија, каде е дел од меѓународниот младински турнир “Ada Ciganlija 2021″ кој е во организација на фудбалскиот сојуз на Белград.
Во текот на вчерашниот ден, младите надежи на Македонија кои се предводени од Драган Начевски одиграа два натпревари. Турнирот го отворивме со победа против соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина, над која славевме со резултат 1:0. На вториот натпревар за противник ја имавме екипата на Војводина од која бевме поразени со резултат 2:1.
Своето деби во националниот дрес го забележа вардаровиот играч, Милош Спасовски, кој иако е генерација 2007 сепак настапува за генерацијата 2006 на Вардар. Денес во борбата за 4.место на турнирот се среќаваме со репрезентацијата на Бугарија.