Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак: Слушнав дека малку билети се продадени, па ги повикувам сите утре да дојдат на стадион
Новак: Слушнав дека малку билети се продадени, па ги повикувам сите утре да дојдат на стадион

Новак: Слушнав дека малку билети се продадени, па ги повикувам сите утре да дојдат на стадион

На прес-конференцијата на нашиот тим покрај тренерот Васоски, присуствуваше и Украинскиот стопер Евгениј Новак. Стоперот на Вардар рече дека сите играчи се подготвени за предизвикот, а исто така додаде дека чул дека се продадени малку билети, па прати апел до навивачите да дојдат и да им дадат голема поддршка.

-Го анализиравме нашиот прв меч во Ереван и имаме идеја како ќе играме на реваншот. Ако ги исполниме задачите и идеите на тренерот, сигурен сум дека ќе имаме добар резултат, и резултат кој ќе нè однесе во следната фаза. Пред сè, мора да имаме добра дисциплина и добра желба. Сакам да испратам еден апел до навивачите, да дојдат и да ни дадат поддршка. Да не биде како во театар. Временските услови сигурно ќе бидат убави и ќе биде добро да се добие поддршка од трибините. Со помош на навивачите, Вардар игра подобро, поагресивно и се надевам дека така ќе биде и утре, истакна Новак.