Откако вчера пристигнаа од Австрија, денес момците на Фк Вардар добија слободен ден.
Овој ден треба да го искористат за адаптација во нашата земја, и одмор за понатамошните подготвителни 10-тина дена пред патувањето за Никозија – Кипар каде ќе го одиграме првиот натпревар од Л.Ш
Исто така се напоменува дека вардарци ќе одиграат уште една пријателска средба, пред да заминат на Кипар.
Секако противникот ќе биде од нашето првенство.
Но, управата на клубот нема да има слободна сабота, активно се работи на донесување на квалитетен шпиц играч.
Фото: fkvardar.mk