Тимот на Вардар попладнево ќе го одигра последниот “тест” на зимските подготовки во Анталија, противник на Вардарци ќе им биде уште еден тим од Чешка, овој пат неговото име е Дукла Прага.
Дукла Прага во овој момент се натпреварува во чешката прва лига, овој тим се наоѓа на десеттата позиција на табелата со освоени 19 бодови. Вардар и Дукла се познаваат добро, и минатата година ова време ги одмерија силите токму во Анталија, на тој дуел иако Вардар водеше, на крајот загуби со резултат 3:2.
Денешниот дуел започнува од 15.00 часот, истиот ќе можете да го погледнете низ директен видео стрим на официјалниот сајт на клубот.