Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Зоран Петковски, ФК Вардар генер.2009 со две убедливи победи во Детската лига
Момците на Зоран Петковски, ФК Вардар генер.2009 со две убедливи победи во Детската лига

Момците на Зоран Петковски, ФК Вардар генер.2009 со две убедливи победи во Детската лига

Денес на терените на ФФМ во Ново Лисиче се одиграа дуелите од детската лига во генерација родени 2009 година. ФК Вардар (1) генер. “2009„ одигра со  Смилковци, а ФК  Вардар (2)  се сретна со кумановскиот тим Еуроспорт и во двата дуели момците на Зоран Петковски дојдоа до победа.

y

Во првиот натпревар момците на  Петковски се сретнаа со тимот на ФК Смиљковци, и како што секогаш имаат тек дуелите со овој тим ние лесно се “прошетавме„ на теренот.  Овој дуел го добивме со максимално залагање на убедлив начи, ние доминиравме во сите аспекти нафудбалската игра. Победата беше изразена со високи 16-0 на овој дуел од детската лига во генерација родени 2009 година. Победата беше осигурана рано уште во почетните 5-6.минути кога поведовме убедливо.

Големиот број погодоци беа дело на седум момчиња кои ја полнеа мрежата на ФК Смиљковци. Најефикасен беше Даниел Колевски кој погоди дури 5 пати, двајца момци имаа по три погодока зад соето име, станува збор за   Дарин Михајловски и Марко Петровски. Два пати погоди Јаков Стојковски, а по еден гол во мрежата на ривалот од Скопје дадоа: Матеј Крстевски,  Андреј Гудов и Васко Папаливски. Честитки до вардарци и тренерот Петковски Зоран за одлично одиграниот дуел денес.

y2

Во вториот дуел во кој се сретнавме со екипата на ФК Еуроспорт,  момците од ФК Вардар генерерација 2009 (2) одиграа еден подраматичен дуел. На полувреме бевме во негатива противникот успеаа да го однесе натпреварот на одмор со гол позитива за нив. На пауза заминавме со 1-2 за нашиот ривал, сепак покажавме карактер во продолжение на оваа средба и победивме со стил

Пресвртот дојде во вториот дел кога најпрвин изедначивме на 2-2 и ја вративме резултатската симетрија. Потоа кога мечот беше на “нула“ тргнавме силовито по победа со цел да направиме пресврт и да дојдеме до “цел плен“. Во вториот дел одигравме перфектен фудбал и со пет гола направивме целосен пресврт забележувајќи победа со четири гола. Ние триумфиравме со резултат 6-2 на оваа средба. За нас стрелаа двајца момци, а еден гол беше дело на противникот кој си постигна автогол. Одличен дуел одигра Михаел Павловски тој дури четири пати погоди, еден гол беше дело на   Димитар Ацевски.