Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Победа шанса за прв триумф во ПМФЛ
ФК Победа шанса за прв триумф во ПМФЛ

ФК Победа шанса за прв триумф во ПМФЛ

Денеска го играме првиот домашен дел во македонската фудбалска лига, на гости ни доаѓа екипата на прилепска Победа. Дуелот се игра денес во 17-00 часот на стадионот на екипата на ФК Магедонија Ѓорче Петров. Ова е прилика во дуел во кој сме апсолутни фаворити да дојдеме до првиот триумф во оваа сезона во домашната лига. Тргнавме сезонава  со дербито и со пораз во Тетово кај екипат на ФК Шкендија, единствениот конкурент за титулата и оваа сезона.

Лани после седум години повторно се сретнавме со прилепчани во најсилната лига, одигравме три дуели од кој два добивме еден со 4-0 и еден со 2-1, во еден дуел поуспешни беа прилепските црвено-бели фудбалери. Вардар оваа сезона во Европа нареди три домашни победи падна Малме, Копенхаген и Финербахче три големи тимови во европски рамки сега на ред е и впишување на прв домашен триумф. На овој меч како кормилар на Вардар  воопшто деби во ПМФЛ ќе има Чеде Јаневски. Судија на натпреварот е делегиран Мечкаровски од Скопје.