Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Младите надежи од генер. 2005,2006 и 2007 тргнаа за Охрид на летен камп во организација на ФК Вардар
(ФОТО) Младите надежи од генер. 2005,2006 и 2007 тргнаа за Охрид на летен камп во организација на ФК Вардар

(ФОТО) Младите надежи од генер. 2005,2006 и 2007 тргнаа за Охрид на летен камп во организација на ФК Вардар

ФК Вардар годинава   организира Летен фудбалски камп во градот Охрид. На истиот главна цел е децата да стекнат спортски навики и да го негуваат спортскиот дух, на оној начин како што тоа го прават професионалните фудбалери. За младите надежи овој камп има големо значење бидејќи најталентираните од нив ќе бидат селектирани за Фудбалската Академија „Вардар“. Зад нас е веќе успешно реализираната прва смена во која учество земаа младите фудбалски надежи родени во генерациите 2003 и 2004. Од денес почнува втората смена која ќе се реализира до 21-ви овој месец.

kamp

Младите фудбалски надежи родени во генерациите 2007, 2006 и 2005 денес заминаа за Охрид каде се очекува успешно да се реализира втората етапа од летниот црвено-црн камп. Тренери на истиот ќе бидат Игор Кралевски и Филип Арсовски кој ги водат двете генерации 2005 и 2006 во нашата Академија, а момчиња родени “2007“ година  ќе ги води Зоран Петковски. За младите голмани од овие генерации на летниот камп ќе биде задолжен да им го пренесува фудбалското знаење тренерот на голмани во нашата Академија Слободан Мутибариќ. Исто така во периодот од  19-ти до 21-ви август во градот Охрид ќе се одржи традиционалниот меѓународен турнир “Фер плеј куп“ за младински фудбалски категории. Своето учество на овој силен турнир го потврдија Вардаровите генерации родени “2005“ година и тоа интересно со две екипи,  потоа генерација “2006“ и најмладите шампиони во детската лига за изминатава сезона, тоа се момчиња родени “2007“ година.

u7

uu