Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во наредните три дена, четири генерации на ФК Вардар ќе се натпреваруваат на турнирот “Гази Баба куп 2017„
Во наредните три дена, четири генерации на ФК Вардар ќе се натпреваруваат на турнирот “Гази Баба куп 2017„

Во наредните три дена, четири генерации на ФК Вардар ќе се натпреваруваат на турнирот “Гази Баба куп 2017„

Во наредните три дена на фудбалските терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на теренот на академијата на ФК „Вардар„ ќе се игра фудбал во рамките на турнирот “Гази Баба куп 2017„. Во „Гази Баба Куп 2017“ ќе настапуваат 96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија. За купот веќе се пријавени Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други.

Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на Општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, и е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

За нас интересни ќе бидат натпреварите на ФК Вардар, кој се натпреварува на турнирот со сите четири возрасни генерации.