Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова победа во првенството, откако беа подобри на гостувањето во Куманово од екипата на Милано. Нови три бода за избраниците на Сашо Тодоровски, кои имаат максимални девет по одигрување на првите три кола. Победата беше најавена уште во првото полувреме, кога со двата гола на Битиќи поведовме со 0:2. Во вториот дел Али Адем стави точка на натпреварот, за конечни 0:3. Своето деби за Вардаровите пионери во лигата го имаше голманот Давид Денковски. Ова момче пред почетокот на сезонатата дојде од екипата на Еуроспорт Куманово и се смета за голем потенцијал на голманската позиција. На неделниот натпревар добри шанса да застане на голот, зачувајќи ја својата мрежа незатресена во текот на целиот меч.
-Како и секогаш, нашата екипа се подготвува максимално за секој натпревар, така и за натпреварот со Милано, каде што во нашата игра не изостануваше борбеност и желба за победа. Јас сум многу задоволен од играта на целата екипа, за пожртвуваноста и ефикасноста. Лично сум задоволен од мојот настап, каде што заедно со нашата одбрана успеавме да ги спречиме нападите на противничката екипа и не дозволивме да примиме гол и ги освоивме трите бода кој ни се потребни за понатамошниот тек на првенството, каде што атакуваме исто како и минатата година на освојување на “двојна круна”.
Пионерите ја бранат двојната титула освоена во минатата натпреварувачка сезона.
-Екипата моментално е во добра форма и очекувам истата да оди во нагорна линија за претстојните натпревари во лигата и Купот на Македонија. Длабоко верувам дека зацртаните цели на стручниот штаб и нашите тренери ќе бидат исполнети, изјави Давид Денковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски