Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Конечно, повторно меч под рефлектори, Вардар – Победа в недела со почеток во 17-30 ч
Конечно, повторно меч под рефлектори, Вардар – Победа в недела со почеток во 17-30 ч

Конечно, повторно меч под рефлектори, Вардар – Победа в недела со почеток во 17-30 ч

Убава вест за љубителите на фудбалот, фановите и навивачите на црвено – црниот фудбалски колектив. Натпреварот в недела на 30-ти октомври, на кој ќе бидеме домаќини на повратникот во првата лига фудбалскиот клуб Победа од Прилеп ќе се одигра во ноќен термин под рефлектори.

Дуелот од ова дванаесетто коло од првата македонска фудбалска лига ќе се одигра со почеток во 17 часот и 30 минути. Дуелот ќе се игра под рефлектори, односно во вечерните часови, бидејќи зимското сметање на времето оваа година ќе почне на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад. Тимот на Победа е повратник во најсилната мак.фудбалска лига, во Скопје ќе ги пречекаме по пауза од цели осум години. Вардар е лидер на прволигашката табела во земјава, по одиграни единаесет рунди имаме 25 освоени бодови, а пак прилепчани се осмопласирани со петнаесет бода, односно имаат десет бода досега. Вардар е апсолутен фаворит и на оваа средба за триумф и валоризирање на предноста пред Шкендија остварена токму во Тетово овој викенд.