Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Десет шампионски пехари за сениорските Вардарови екипи сезонава
Десет шампионски пехари за сениорските Вардарови екипи сезонава

Десет шампионски пехари за сениорските Вардарови екипи сезонава

Зад нас е сезоната 2016/2017 во која С.Д Вардар “ожнеа“ нови десет сениорски пехари во различни спортови. Златни бевме во фудбал, машки и женски ракомет, женска кошарка и куглање. Најтрофеен спорт е дефинитивно ракометот каде се освоени 70% од пехарите оваа година за црвено-црните.

Најдобар колектив без конкуренција е РК Вардар со четири пехари во оваа сезона. Момците на Раул Гонзалес освоиа се што може да се освои во една ракометна сезона. На четири фронта бевме шампиони, во домашната лига се закитивме со пехар како и во купот на Македонија. На меѓународна сцена во силната регионална лига СЕХА бевме победници, сепак она вистинското дојде во ЛШ. РК Вардар е шампион на Европа, владетел на кој сите му се поклонија оваа сезона.
Втор по успех, односно по освоени титули е ЖРК Вардар, девојките освоиа три пехари оваа сезона. На домашна сцена дојдоа до одбрана на “двојната круна“.  Исто така Вардарки ја освоија регионалната лига, откако  во големото финале беа подобри од екипата на Будуќност. Тие беа блиску до успехот на момците сепак ги делеше еден чекор, бидејќи завршија “сребрени“ во ЛШ.
Фудбалскиот клуб Вардар повторно доминира во македонскиот фудбал, тој сезоната освои еден, но значаен пехар. Вардарци дојдоа до 11-тата титула во мак.фудбалот. Имаа прилика за пехар во Купот каде испаднаа во полуфиналето, а за жал поради инертноста на ФФМ немаа прилика да играат Суперкуп меч за трет пехар сезонава.
Следни кои дојдоа до пехар се Кугларскиот клуб Вардар, тие оваа сезона направија чудо. Во Купот на Македонија беа “отпишани“ сепак изненадија и го победија шампионот КК Макпетрол со што дојдоа до пехар. По сите проблеми со ростерот и нерамномерната борба со финансиски надмоќниот Макпетол, пехарот во Купот е рамен на чудо, тие во  лигата завршија како вице-прваци.
Кошаркарките на Вардар оваа сезона се реактивираа по повод 70.години од основањето на кошаркарската секција при С.Д. Вардар. Тие направија голем успех во првата сезона од нивното играње како тим. Вардарки станаа Шампионки во Купот на Македонија, пехарот го обоија црвено-црно. Покрај тоа играа во финалната серија во лигата, сепак завршија како “сребрени“ во првенството.