Во сабота Вардаровата експедиција ќе отпатува за Србија-Ниш каде во недела ќе одиграат пријателски натпревар против екипата на Раднички. За овој дуел тренерот Сергеј Андреев ќе може да смета на двајца играчи кои настапуваат за кадетите на Вардар. Се работи за Виктор Димков и Јасир Беќири кои се во ТОП 3 најдобри стрелци на својата екипа.
Своите одлични игри кои ги пружат за кадетите во првенството, како и настапот за Б-тимот на натпреварот со Силекс, беа доволна препорака за Саша Илиќ-тренерот на голманите да ги повика во првиот тим. Ова ќе биде одлична можност за овие двајца надежни фудбалери да се докажат на овој меч, и почесто да добиваат позив во првата екипа.