Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Бојан Димоски: Повикот да играм за кадетската екипа е потврда за мојата добра игра и допонителен мотив да работам повеќе
Бојан Димоски: Повикот да играм за кадетската екипа е потврда за мојата добра игра и допонителен мотив да работам повеќе

Бојан Димоски: Повикот да играм за кадетската екипа е потврда за мојата добра игра и допонителен мотив да работам повеќе

Со победа тргна новата натпреварувачка сезона за кадетите на ФК Вардар кои во првото коло на домашен терен ја победија екипата на Ренова. Оваа генерација во новата сезона ја предводи Влатко Колев, кој стартуваше со три бода. Со резултат од 2:1 го победивме противникот од Тетово, а головите за нашиот состав ги постигнаа Саит Битиќи и Бојан Димоски. Репрезентативецот Димоски кој е една година помала генерација доби шанса од тренерот Колев за настап во второто полувреме, која ја искористи на најдобар можен начин. Тој за триуфот против Ренова го изјави следново:

-Задоволен сум од натпреварот и од прикажаната игра на нашиот тим, со оглед на тоа дека екипата на Ренова се покажа како тврд орев и ни пружи голем отпор. Секогаш е тежок првиот натпревар во новата сезона и затоа можеби чуствувавме притисок дека мора да победиме на воведниот меч. Сепак на крајот најважно е дека ги освоиме трите бода, што беше наша примарна цел пред почетокот на мечот. Се надевам дека во следното коло ќе прикажеме уште подобра игра.

k22

Димоски беше стрелец на победничкиот гол за нашите кадети, вреден три бода.

-Чувството да се даде победоносен гол не се опишува. Задоволен сум од мојата игра и од играта на моите соиграчи. Многу ми значи тоа што добив повик да играм за кадетската екипа, тоа е само потврда за мојата игра и мотив плус да работам повеќе.

Звонко Ивановски