Вкупно девет гола постигнаа пионерите на фудбалскиот клуб Вардар на последните два натпревари во лигата. Измиантиов викенд избраниците на Саше Јанев гостуваа на екипата на Металург, која ја совладаа со резултат 3:5. Ова беше и втор последователен триумф за црвено-црните во лигата, откако во претходното коло го совладаа и првопласираниот тим на Работнички. Голем удел во триумфот против Металург, имаше играчот на Вардар и репрезентативец, Бојан Димоски кој постигна два гола.
-Задоволен сум од играта на нашата екипа против Металург и секако на крај на секој натпревар важен е резултатот, односно победата. Натпреварот беше фер и коректен , Металург е јак противник впрочем е и второпласиран на табелата, но ние оваа пролет од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро, а и резултатите тоа го покажуваат. Среќен сум што постигнав два гола со кои придонесов за победата да биде поубедлива. На последните два натпревари за противник ги имавме првопласираниот на табелата Работнички и сега второпласираниот Металург и над двете екипи имавме убедлива победа и доколку вака игравме и во есенската полусезона сигурно сега ќе бевме први на табелата.
Звонко Ивановски