Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Екипите на Динамо Загреб и ФК Вардар ќе одиграат “ фудбалски маратон “ од две полувремиња по 60 минути

Екипите на Динамо Загреб и ФК Вардар ќе одиграат “ фудбалски маратон “ од две полувремиња по 60 минути

vardarfans xxxx

Во четврток на втори јули е закажан последниот тест-дуел на подготовките  за црвено- црните со тимот на Хрватскиот шампион и најтрофеен колектив во фудбалот во оваа балканска земја – Динамо Загреб . Мечот за нас е одлична силна контролка бидејќи станува збор за  тим кој е учесник во последните години  на групната фаза на Лига Европа и Лига шампиони и истиот ќе се одигра на стадионот Фазанерија во Мурска Собота со почеток во  18:00 часот .

Интересен е договорот помеѓу двата тима кои решија овој дуел да има поинаво трање на полувремињата од стандардните фудбалски правила . Едно полувреме кое инаку трае 45 минути на овој дел ќе изнесува 1 час , така да целиот меч ќе биде во времетрање од 2 часа со што стручните штабови ќе имаат 30 минути повеќе за последните подготовки пред предизвикот во второто коло од Л.Ш на двата тима . Вардар ќе гостува кај АПОЕЛ , а загребски Динамо има полесно гостување од црвено – црните они ќе гостуваат кај тимот на Фола кој е овогодишен преставаник во шампионската лига на Луксембург .