Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Да навиваме сите заедно за нашиот Вардар!
Да навиваме сите заедно за нашиот Вардар!

Да навиваме сите заедно за нашиот Вардар!

Денеска се игра големото дерби, дербито на двата претенденти за титулата во ПМФЛ. Вардарци ја пречекуваат тетовска Шкендија со четири бодови предност на првенствената табела. Денешниот натпревар треба да понуди еден многу интересен и пред се возбудлив натпревар. Неколку ситни детали може лесно да се случи да го решат победникот на овој натпревар.

Фудбалерите на Вардар веќе неколку денови во медиумите посочуваат дека многу им е важна поддршката од трибините. Како што велат и дел од играчите, навивачите на Вардар ќе бидат денеска нивниот 12 играч кој ќе ги води кон нова победа против лутиот ривал.

Па така, и ние ги повикуваме сите љубители на Вардар и “црвено – црните” бои, да дојдат попладнево на Градскиот стадион, да му дадеме голема поддршка и мотив повеќе на нашиот тим кон нова победа која сигурно би ни ја отворила уште отсега вратата кон нова титула.

Натпреварот започнува во 14 часот, билетите се по цена од 100 (сто) денари. Да навиваме сите заедно за нашиот Вардар!