Во среда и петок ќе се одиграат завршните натпревари од сите региони во детската фудбалска лига. Фудбалскиот клуб Вардар со сите свои генерации ќе биде застапен на завршниот турнир, каде ќе има можност во секоја возрасна генерација да се бори за првото место и трофејот во ова натпреварување. Црвено-црните доминираа во скопско-кумановскиот регион, за што говори податокот дека осум од вкупно дванаесет екипи ќе играат на завршните натпревари. Уште поимпресивен податок е дека Вардар не загуби ниту во еден натпревар со друг противник. Единствени кои не поминаа понатаму беа екипите на Вардар (2), кај генерацијата “2006“ и “2008“ но тие беа поразени во меѓусебните дуели со нивните соиграчи од истиве генерации. Во генерација 2009 Вардар оваа сезона немаше екипи за натпреварување. Дури три генерации со двете свои екипи утре ќе играат во четврфиналните мечеви на завршниот турнир во оваа лига. Тоа се дечињата родени “2004“, “2005„ и “2007“ година, додека “2006“ и “2008“ ќе бидат застапени со по една екипа.
Ова се најдобрите екипи од скопско-кумановскиот регион во секоја генерација, каде доминираат нашите екипи.