Иако имаме многу проблеми при влегување на нашите вести на веб сајтот Вардарфанс.мк, односно поради недоволниот број на слободни места, кои се полнат на скоро секоја вест, и понекогаш паѓа, сепак со голема работа, и голема посветеност кон нашата прва љубов ВАРДАР, достигнавме значајни бројки, односно прегледи на нашиот сајт.
Иако работиме без никаква помош и поткрепа од клубовите наши, сепак се трудиме, и успеавме во овие повеќе од два месеца заедно да достигнеме одлична посета, сигурни информации за нашиот Вардар, како и промоција на младите генерации на ВАРДАР, (што и беше наша основна задача, со оглед на тоа што не се обрнуваше скоро никакво внимание на нашите млади надежи.)
Останува да продолжиме со уште поголема ангажираност и посветеност на Вардар до голем успех, и слава , како на младите така и на првите тимови на нашиот тим.
На оваа фотографија имаме достигнување до 185 илјади за краток временски период.
СО ПОЧИТ ВАРДАРФАНС.МК