За околу два часа тимот на Вардар ќе го одигра претпоследниот пријателски дуел на летните подготовки во Словенија. Денеска Вардарци ќе ги одмерат силите со тимот на Херманштад од Романија.
Херманштад е нов прволигаш на Романија, откако изминатава сезона заврши како второпласиран во втората по ранг лига. Интересно е тоа што во овој тим нема ниту еден играч од странство, целиот тим е составен од домашни играчи. Останува да видиме како ќе одиграат овие два тима и кој ќе биде поуспешен.
Натпреварот започнува со почеток од 17.30 часот.