Ецкоски Марјан од Охрид е делегиран да го суди натпреварот на Беласица и Вардар. На Ецкоски ќе му помагаат Грданоски Симон и Чакарески Лазе двајцата од Струга, а четврти судија ќе биде Идризи Фуркан од Тетово.
Вардар по двата нерешени исходи со Беласица, ќе се обиде да стигне до првата сезонска победа против овој противник. Дуелот се игра во недела со почеток од 14.00 часот.