Младинската фудбалска репрезентација до 17 години од вчера се наоѓа во Дојран, каде ќе се подготвува за квалификацискиот турнир за Европското првенство, кој ќе се одигра во Скопје, каде противници на нашата репрезентација се Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина.
На подготовките во Дојран, селекторот на нашата селекција, Горан Станиќ повика и двајца играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот, Матеј Андов и напаѓачот, Џемал Ибизи кои во новата сезона ќе настапуваат за пионерите на ФК Вардар. Двајцата ќе го пропуштат стартот на сезоната за својот тим, кој во првото коло ќе гостува на екипата на Ренова.