Македонската фудбалска репрезентација до 17 години денес и во четврток ќе одигра два контгролни натпревари, против соодветната селекција на Кипар. Мечевите ќе бидат одиграни на тренинг центарот “Петар Милошевски“ , со почеток од 16 часот.
За овие два натпревари, селекторот на Македонија, Горан Станиќ повика двајца играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот, Матеј Андов и напаѓачот Цемаил Ибиши.