Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со победа го стартуваше квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за ЕП. Избраниците на Вујадин Станојковиќ денес на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ја совладаа селекцијата на Швајцарија, со резултат од 2:1, и тоа со резултатски пресврт откако на полувреме противникот имаше водство од 0:1.
Во вториот дел ни беа потребни само пет минути да го скршиме опорот на противникот и да направиме резултатски пресврт. Најпрво во 56 минута со голот на Трајановски од корнер со глава го израмни резултатот на 1:1, за пет минути подоцна да биде направен прекршок во противничкиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Јани Атанасов, кој ја донесе Македонија во предност од 2:1. Следен противник за нашите млади надежи е репрезентацијата на Белгија.
На денешниот натпревар со Швајцарија во стартниот состав се најдоа двајца играчи на Вардар. Се работи за Тодор Тодороски и Филип Антовски